Panasonic го лансираше Lumix LX100 II, компактен фотоапарат за фотографи кои бараат поголем сензор од тој на Sony RX100 VI. Најголемата промена во однос на претходниот модел е повисоката резолуција на сензорот Four Thirds MOS од 17 мегапиксели, што е прилично голем скок од претходниот модел кој има сензор од 12,8 мегапиксели. Има многу пониско ниво на заматеност дури и при високи ISO вредности, што значи дека можете да добиете чисти фотографии и при максималните  25.600 ISO. Исто така, оваа верзија има и екран на допир, што го олеснува рачното поставување на точките на фокус, експозицијата и другите функции.

Освен новата форма за подобрена ергономичност, LX100 II го има истиот класичен изглед и механички контроли како и неговиот претходник. Leica објективот од 24-75мм (35мм еквивалент) f / 1.7-2.8 е непроменет, како и брзината на фотографирање AF-S од 11 fps, електронскиот визир од 2,764К точка (EVF) и можноста за 4K видео снимање.

Исто како и досега, LX100 II доаѓа со 4K Photo, функција која ви овозможува да фотографирате со 30 fps за да можете да ја одберете вистинската фотографија при сликање во движење. Panasonic исто така додаде црно-бели L.Monochrome и L.Monochrome D режими за сликање кои нудат подобрени светли и темни тонови, притоа зачувувајќи ги деталите. И конечно, LX100 II доаѓа со Bluetooth LE плус WiFi опција што го олеснува поврзувањето со смартфони.

LX100 II претставува прилично солидна надградба на претходниот модел, но тој сепак доаѓа со цена од 999 долари што не го прави ни малку евтин. Сепак, ќе заштедите доколку го одберете наместо Sony 1,200 RX 100 VI, со што добивате поголем сензор и подобро сликање при слаба осветленост (иако со помала резолуција и брзина).