Истражувачката компанија Counterpoint претстави интересна статистика во својот најнов Market Pulse April Edition извештај. Компанијата ги наброи најпродаваните телефони ширум светот во графикон во кој доминираат актуелните Galaxy S9 и S9+ модели на Samsung.

Counterpoint забележа посебно добри резултати за јужнокорејскиот производител во Северна Америка и азиско-пацифичкиот регион.

Со агресивни снижувања на цените, погодни цени и сличности со Galaxy S9 моделот, дури и минатогодишниот Galaxy S8 успеа во текот на април да се најде помеѓу 10-те најпродавани телефони.

Иако се наоѓа на трето место, iPhone X и натаму ужива голема популарност. Постарите модели на Apple, исто така, предизвикуваат интересирање кај корисниците, а ова посебно може да се каже за iPhone 7 и iPhone 6.

Xiaomi продолжува со своето присуство на значаен начин, а на априлската топ 10 листа има модели на шестото и осмото место: Redmi 5A и Redmi Note 5 (Redmi 5 Plus).

Листата на Counterpoint на најпродавани телефони во текот на април покажува уште една интересна ставка, а тоа е дека во овој момент очигледно корисниците ги преферираат и премиум уредите и буџетските модели.