Uber континуирано работи на подобрување на искуството за користење на апликацијата при нарачување на возење – за корисниците и за партнерите-возачи. Поради тоа, глобално се воведува новост која и на едните и на другите значајно ќе им ја поедностави меѓусебната комуникација пред самото влегување во автомобилот: опција за chat во самата апликација. Корисниците и возачите повеќе нема да мораат да отвораат неколку различни апликации за да контактираат едни со други – сега тоа ќе биде многу поедноставно и полесно“, стои во соопштението што денеска пристигна од Uber.

Со оваа опција ќе се избегнат проблемите како снаоѓањето во слепите улици или лошо означените адреси во навигацијата. Така и корисникот и возачот ќе можат во реално време да поделат детални упатства за својата точна локација. Корисниците и партнерите-возачи досега можеа меѓусебно да разговараат преку телефон или да си испраќаат текстуални пораки. Но на таквите повици и пораки, истакнуваат во Uber, им недостасува контекст: Дали овој непознат број навистина е мојот возач? Како да бидам сигурен дека возачот ја добил мојата порака? Што ако не сакам возачот да го има мојот број на телефон?

Споменатото решение ќе им биде достапно на сите корисници и возачи на двата оперативни система – Android и iOS. Нужно е, секако, да се има најновата верзијата на апликацијата.