Се очекува Apple да лансира очила со проширена реалност (AR) до 2020. година и сопствен автомобил “Apple car” во периодот помеѓу 2023. и 2025. година.

Според предвидувањата на аналитичарот Ming-Chi Kuo – Apple би можел да достигне пазарна вредност од два трилиона долари, откако на почетокот на овој месец веќе достигна 1 трилион долари пазарна капитализација.

Во истиот извештај, аналитичарот Kuo заклучува дека токму производите како Apple Car и Apple Glass би можеле да го генерираат тој пазарен раст.

Проширената реалност претставува иднина на корисничкото искуство. Се очекува Аpple да го редифинира корисничкото искуство преку понуда на очила со проширена реалност и соодветни апликации, истакна Kuo.

Apple не е единствената компанија што работи на очила со проширена реалност. Google лансираше ваков продукт уште во 2013, кој иако не доживеа масовност, компанијата се уште сериозно инвестира во овој проект.

Од друга страна, Apple го има проектот Titan, кој претставува автомобилска дивизија на компанијата и веќе врши тестирања на автономни возила во Калифорнија.