Виртуелната реалност (VR) е интересна технологија, која наскоро ќе предизвика вистинска револуција во начинот на кој се забавуваме со нашите гаџети.

Во моментов на пазарот има различни класи VR очила, но нивната цена се уште е висока, за да се направи вистински пробив на пазарот. Исто така, вреди да се забележи дека бројот на паметни телефони што поддржуваат ефекти на камерата со проширена реалност (AR) исто така се зголемува. Популарноста на оваа технологија ќе ги постави основите за навлегувањето на поповолни VR уреди, во однос на цената.

Новиот извештај на IDC предвидува дека во следните пет години треба да очекуваме значително зголемување на продажбата на гаџети, кои ќе поддржуваат виртуелна и проширена реалност, информира Venturebeat. Конкретните бројки покажуваат дека во 2018 година, вкупно 12,8 милиони уреди ќе бидат продадени на глобално ниво, кои ќе ги користат двете атрактивни технологии. Експертите на IDC велат дека со просечен раст од најмалку 50 отсто на годишна основа, оваа бројка ќе достигне 68,9 милиони на крајот од 2022 година. Во овој случај, станува збор за комбинирани вредности, кои влијаат на VR и AR гаџетите.

Доаѓањето на нови софтверски решенија и помоќен хардвер ќе ја заостри конкуренцијата пoмеѓу производителите, што ќе ја намали цената на уредите. Корисниците ќе манифестираат најголем инетерес очилата со VR/AR кои работат самостојно без потреба од поставување на смартфони во нив. Оваа категорија ќе се зголеми од сегашните 14 проценти до над 50 отсто до крајот на 2022 година.