Објавени се резултатите на глобалниот пазар на носечки уреди за првото тримесечје. Анализите покажуваат дека Apple е водечка компанија на пазарот, додека Samsung стигна на второто место и ја надмина фирмата Firbit.

Кога е во прашање продажбата, Apple е задолжен за 53 проценти од продажбата остварена во овој сектор, а сето тоа благодарение на паметниот часовник Apple Watch. Samsung се проби на втората позиција, благодарение на Gear S3 смарт часовникот и сега држи 12,8 одсто од глобалната продажба. На третото место се наоѓа FitBit со продажба од 12,2 проценти во периодот од јануари до март оваа година.

Доколку се гледаат резултатите на испорака, Apple во текот на тримесечјото остана на врвот, со 16 проценти од вкупно испорачаните производи на пазарот на носечки производи. Xiaomi е втор по испорака со 15,5 проценти на пазарот, а трет е FitBit.

Пазарот на носечки уреди и натаму е релативно нов, а се уште е рано да се изберат добитниците и губитниците во овој сегмент. Сепак, бројките покажуваат дека Apple дефинитивно доминира во овој сегмент на пазарот.