Microsoft минатиот месец ги извести корисниците дека ќе ја изгаси десктоп верзијата Skype 7.0, попозната како класичен Skype, но се чини дека компанијата сепак се предомисли. По бројните жалби на корисниците, класичниот Skype, се уште нема да замине во пензија.

Според информациите од минатиот месец, од 1. септември требаше да престанат да работат сите постари верзии на Skype, а корисниците кои би сакале и натаму да ја користат познатата апликација, мораа да преминат на најновата верзија 8.0.

Skype 8.0 донесува бројни нови функции и подобри специфгикации. Оваа верзија на познатата апликација е претставена минатата година за мобилните уреди, но на корисниците не им се допаднаа промените.

Оние кои се навикнати на класичниот Skype и пружија поддршка на верзијата 7.0, поради што од Microsoft одлучија да го продолжат животот на старата верзија.

Не е познато до кога Skype 7.0 ќе биде во функција, како ни каква ќе биде неговата конечна судбина.