Метеоролошки сателит успеа да го сними “патувањето” на сахарскиот песок преку Атлантскиот океан.

Во краткото соопштение на американската Национална океанска и атмосферска администрација стои дека покрај забележаното видео, односно низата фотографии над Атлантикот, инструментите забележале и големи количини на песок од Сахара на патот кон Европа, односно Шпанија и Португалија.

Сахарскиот песок често го напушта своето “природно живеалиште” и носен од високите ветрови често завршува над Атлантикот, па дури и нашите краишта. Сепак, ваква снимка на која е прикажана големината на таквата појава ретко успеава да се забележи.

https://youtu.be/ZspzgDKlDLM