GoPro објави три нови модели на акциските камери во серијата Hero, со име Hero7 Black, Silver и White Hero.

Hero7 Black e најдобрата од трите и која го користи лани промовираниот процесор GP1 и има опција за емитување на видео во Facebook, Twitch, YouTube или Vimeo преку поврзан смартфон. Со 12 мегапикселски сензор може да снима 4K видео со до 60 кадри во секунда, а освен тоа, уредот го нуди подобрено дигитално стабилизирање на сликата со име „Hypersmooth“.

При 2.7К, бројот на кадрите во секунда се зголемува до 120, а кај 1080p може да се снима во бавно движење со до 240 кадри во секунда. Камерата исто така поддржува снимањето со RAW. На уредот, исто така, може да биде додаден дополнителен микрофон со специјален адаптер за уште подобро снимање на клипови.

Моделот Hero7 Silver е од средната класа и располага со 10 мегапиксели сензор кој може да снима 4K видео со 30 кадри во секунда, 1440p видео при 60 кадри во секунда и 1080p видео со 60 кадри во секунда. Оваа камера исто така има дигитална стабилизација на сликата, а максималната брзина за снимање на 4K видеа е 30 Mbps.

Основниот модел е Hero7 White нуди стабилизирано видео само при 1080p со 60fps. Двата поевтини уреди не работат со GP1 процесорот.

И трите модели се водоотпорни на длабочина до 10 метри и нудат 2-инчни сензорни екрани, гласовно управување и вертикален режим на снимање за социјалните мрежи. Само црниот модел има отстранлива батерија.

Обемот на камерата остана непроменет од минатата година, што значи дека тие се компатибилни со постојните додатоци на GoPro.

Продажбата на камерите започнува на 27 септември по 199, 299 и 399 долари.