Директорот на Snapchat, Evan Spiegel се надеваше дека редизајнот на апликацијата ќе ги засили огласувачите на платформата и дека подобро ќе се пласираат реклами до корисниците. Меѓутоа, неколку месеци по претставувањето на редизајнот дојде до пад на бројот на корисниците.

Повеќе од 1,2 милиони корисници низ светот потпишаа петиција со која бараа од компанијата да се предомисли. Snapchat тоа го игнорираше, а сега потврди дека редизјнот го чинел губиток од 2 отсто дневно активни корисници. поточно, бројот на корисници падна од 191 на 188 милиони за само еден квартал.

“Сметаме дека ги имаме најголемите фрустрации досега и сакаме да направиме напредок и да ја искористиме приликата да покажеме одредена содржина до одредени луѓе”, се вели во соопштението.

Ова е прв пат компанијата да загуби корисници, а јасно е дека нема да биде лесно да се вратат.

Меѓутоа, финансииите ги надминаа очекувањата на акционерите. Приходот порасна за 44 проценти во однос на минатата година и тоа од 182 милиони во вториот квартал лани на 262 милиони оваа година. Вредноста на акциите исто така порасна, а поради тоа и саудискиот принц Alwaleed Bin Talal купи 2,3 отсто удел во компанијата.

Исто така, компанијата на пазарот минатиот квартал ги пласираше своите очила Spectacles, но нема информации за тоа како се одвива продажбата.