Напис

YouTube воведе нови функции во апликацијата за смартфони
СОФТВЕР, Featured

YouTube воведе нови функции во апликацијата за смартфони

YouTube одлучи на корисниците дополнително да им ја олесни контролата над апликацијата, без разлика на тоа каков уред користат.

Новините се воведени во апликацијата за паметни теелфони, а сега корисниците ќе можат со глас да го пребаруваат она што ги интересира на YouTube, дури и кога мобилниот телефон е поврзан со телевизор.

Од компанијата соопштија дека овозможено е гледање на видеа во HD резолуција која се пренесува од Playstation 4 или Playstation 4 Pro уред.

Германските медиуми пренесуваат дека некои Android корисници забележале дека по ажурирањето, нивната YouTube апликација функционира како далечински управувач, кога сликата од мобилниот телефон ја пренесуваат на ТВ.

Поврзани артикли