Научниците работат на микро-роботи инспирирaни од животни и направени од меки материјали што ќе се користат за да пристапат средини каде што ние не можеме.

Микро-роботите можат да се користат за време на хируршки операции внатре во човeчкото тело, или во простори што се премногу мали за луѓето или конвенционалните роботи да ги собери.

Научниците имат направено микро-робот со големина од еден сантиметар, но помали роботи кои што ќе можат да извршуваат повеќе функции досега не се создадени.

Но сега, тим од научници од Харвард заедно со Универзитетот на Бостон го надминаа овој предизвик.

Тие создадоа нова технологија која што може да произведе микро-роботи со големина од еден милиметар. За да ја демонстрираат новата технологија креираа робот од меки материјали што наликува на пајак. Роботот може да се движи низ секакви средини и да извршува едноставни функции.

Научниците сега работат на усовршување на технологијата за да може во иднина да бидат извршени покомплексни функции.