Иако идејата за создавање такви фотографии со едноставни текстуални инструкции може да звучи многу привлечно, научниците истакнуваат дека системот сè уште не е совршен.

Технологијата од ден на ден напредува, особено во областа на вештачката интелигенција. И додека некои научници користат вештачка интелигенција за да направат нови откритија во науката, други развиваат вештачка интелигенција што луѓето можат да ја користат за добра забава.

Open AI е лабораторија специјализирана за вештачка интелигенција и е најпозната по тоа што еден од идејните творци е Илон Маск. Во меѓувреме и Мајкрософт инвестираше 1 милијарда долари во нејзината работа.

Сега Open AI му претстави на светот алатка која им овозможува на корисниците да креираат дигитални фотографии со зборови. Програмата DALL-E 2, која моментално не е достапна за пошироката јавност, туку само за заинтересираните научници, ви овозможува да креирате доста интересни фотографии.

При демонстрација на способностите на програмата, научниците впишаа „чајник во форма на авокадо“ и системот направи 10 различни фотографии од зелен чајник. Тој создал и коала која игра кошарка, откако друг истражувач му го дал тој мотив.

Но, DALL-E 2 може да уредува и фотографии. За време на демонстрациите, истражувачите побараа од системот да ја замени трубата со гитара на фотографијата од плишано мече што свири на труба под вода.

Иако идејата за создавање такви фотографии со едноставни текстуални инструкции може да звучи многу привлечно, научниците истакнуваат дека системот сè уште не е совршен.

По две години развој, тие стигнаа до фаза во која можат да покажат некои резултати, но и еден куп смешни грешки кои се случуваат бидејќи вештачката интелигенција која стои зад оваа алатка се уште не „научила“ се што треба.

Научниците од самиот почеток се погрижија да вклучат строги правила при изработката на алатите. Така, тие ја ограничија можноста на DALL-E 2 да создава насилни и порнографски содржини, но и да користи лица на вистински луѓе. Поточно, таквата содржина не беше вклучена во базата на податоци што вештачката интелигенција ја користи за учење, па DALL-E 2 навистина не „знае“ што значи тоа.

Благодарение на филтрите што ги имаат вградено, корисниците нема да можат да креираат таква содржина, да вметнуваат фотографии кои прикажуваат насилство или да даваат упатства за создавање насилна сцена.

Се надеваме дека DALL-E 2 ќе им даде на луѓето доволно сила да се изразат креативно. Тоа ни помага да разбереме како напредните системи за вештачка интелигенција го гледаат и разбираат нашиот свет, што е клучно за создавање вештачка интелигенција што ќе придонесе за човештвото, истакнува Open AI.