Тешко дека некој наскоро ќе успее да ги тргне од престолот

Производителите на телефони, во минатото прилично се „коцкале“ со дизајнирањето на уреди, за да се издвојат од конкуренцијата, а со самото тоа да ги фасцинираат и корисниците.

Овие телефони дефинитивно се издвојуваат од целата колекција, но далеку од тоа дека ги импресионирале потрошувачите:

Siemens Xelibri 6

Овој скапоцен камен од грдотија е претставен во 2003-та година и бил наменет за жените. Изгледа како кутија за пудра и има две огледала, за проверување на шминката, и за шминкање. Копчињата беа чудно распоредени на телефонот, со што праќањето на пораки било вистинки пекол, а згора на сè, не помагал ни минијатурниот дисплеј.

Motorola StarTac Rainbow

Овој телефон изгледа како поклон кој би го добиле во кутија за овесни снегулки. Дизајнот кој потсетува на играчка и ужасна комбинација на бои, навистина му отежнувале на сопственикот да го гледа подолго време.

Работите изгледаат малку поинаку кога ќе се отвори телефонот, но сето тоа е далеку од добро.

Комбинацијата од жолта у зелена боја се далеку од луксуз и поради тоа овој телефон делувал премногу евтино.

Motorola V100

Овој телефон многумина ги потсетувал на калкулатор, но сè на него било ужасно – од копчиња и бои, до чудни шари околу екранот.

Телефонот се ппјавил во 2010-та година и бил прилично дебел (2,5 сантиметри). Сепак, бил одличен за праќање пораки поради својата „QWERTY“ тастатура, но ужасен за сè останато.

Goldvish Le Million

Ова е еден од најгрдите, а истовремено и најскапите телефони на сите времиња. Цената му била скоро 1 милион евра.

Направен е од 18-каратно злато и на него имало 1800 дијаманти – поради што изгледал навистина евтино, наместо скапо.

Сè поврзано за овој телефон било премногу, вклучувајќи ги и искривениот врв и дно, што морале да се отстранат кога батеријата на телефонот требало да се полни.

Toshiba G450

Овој телефон повеќе личи на дајлинско за клима, отколку на телефон. Дизајнот вклучувал три круга. Во едниот се наоѓал екранот, а во другите два тастатурата.

Не само што овој телефон бил грд, туку бил и многу тежок за користење.

Само замислете како изгледало праќањето пораки.

Извор: Telegraf.rs