Мислите дека iPhone X има се’? Сe додека не го погледнете овој “луд” паметен телефон кој поседува три екрани, два процесори, четири камери и цена од 2.749 долари.

Паметниот телефон кој пристигнува од некогашната компанија “Turing Robotics Industry” дефинитивно ќе го привлече вашето внимание. Компанијата во меѓувреме го променила името и сега се нарекува “Turing Space Industry”, па многумина се прашуваат каква врска има оваа компанија со смарт технологијата, односно со телефоните.

Одговорот лежи во нивниот концепт на паметен телефон наречен “HubblePhone”, а јасна е асоцијацијата со вселенскиот телескоп „Hubble“.

https://youtu.be/3zVw4wqGvUc

“Turing HubblePhone” има преклопувачки дизајн и тело кое практично е цел екран. Телото на телефонот има главна платформа со 11.81-инчен 4K екран кој се простира од предната до задната кривина преку шарки во кои се наоѓа “мамутска” камера од 60 мегапксели со оптички зум од 15X.

“Горното ниво” поседува два поединечни HD екрани на предната и задната страна, со три камери од 12 мегапиксели.

Телефонот ќе работи на “Snapdragon 855” процесор со 8 GB RAM, a ќе поседува 256 GB простор за складирање. Практично, тоа во основа се два ултра моќни паметни телефони поврзани со подвижна шарка. Двете платформи ќе имаат и свои посебни батерии од 2800 mAh и 3300 mAh.

Апликацијата која користи најнова технологија ќе може да ја скенира вашата појава и потоа во форма на 3D објект да ја пренесе во физичкото опкружување на примателот. Oвој неверојатен паметен телефон има исто така неверојатна цена од 2.749 долари, a во продажба ќе се најде пред јуни 2020 година.

Иднината пристигна и се нарекува “HubblePhone”.

Извор: B92.net