Пред две години Lenovo прикажа концепт на телефон на склопување на World Tech Ecent. Уредот можеше да се расклопи во облик на мал таблет уред. Потоа, на 13. март 2018. година WIPO одобри патент на компанијата Motorola, под името “Троделно куќиште на преклоп со поддршка за повеќе облици на употреба во електронски уред”, кој има сличен дизајн.

Уредот ќе се однесува како нормален смартфон кога е склопен и како целосен таблет кога ќе се расклопи. Патентот покажува дека главната камера на телефонот ќе биде позиционирана во горниот лев агол, додека микрофонот во горниот десен агол. Тука е и шарката по средина, која ќе овозможува склопување на уредот.

Кога телефонот ќе се расклопи, корисникот добива два екрана со кои може да работи и целосно таблет искуство. Motorola планира да додаде и заштитен cover на уредот, кој ќе служи и како заштита и како безжичен полнач.

Извршиот директор на Motorola, Yang Yuanqing истакна дека со новите технологии (посебно со свитливите екрани) пристигнуваат се повеќе иновации во дизајнот за смартфони.