Штетниот софтвер презема контрола над процесот за исклучување на телефонот и создава впечаток дека уредот се исклучува. Се гледаат анимации, екранот зацрнува, но телефонот всушност и понатаму работи.

Се појави нов проблематичен андроид вирус кој може да ги повика контактите од вашиот именик или да фотографира и ако уредот е исклучен, предупредила компанијата за сигурноси истражувања АВГ.

Најновите АВГ антивурсни програми можат да ја неутрализираат оваа закана, но компанијата и понатаму препорачува да се извади батеријата од телефонот за корисниците да бидат сигурни дека телефонот е навистина исклучен.

Доколку сакате да дознаете дали можеби вашиот телефон се наоѓа на мета не прислушкувачите, обрате внимание на ова:

1. Батеријата брзо ви се троши

Ова е класичен знак за прислушкување на телефонот, каде батеријата во мобилните брзо се троши, бидејќи прислушкувањето ја црпи неговата сила, па дури и кога не го користите телефонот.

2. Телефонот бавно ви се исклучува

Ако на телефонот му е потребно подолго време да се изгаси, отколку обично, големи се шансите да ве прислушкуваат. Причината е тоа што потребно е повеќе време сите програми за прислушкување да се исклучат.

3. Во позадина слушате чудни звуци

Ако во текот на разговорот слушнете чудно зуење, можно е да ве прислушкуваат.

4. Дисторзија на гласот

Ако слушате роботски глас на личноста со која разговарате, можно е да се снима вашиот разговор.

5. Телефонот чудно се однесува

Обратете внимание на телефонот, дури и кога не го користите, затоа што може да имате инсталиран програм за прислушкување. Овие програми лесно се инсталираат во телефоните, по пат на мејл.

https://youtu.be/ujosfSkHFrQ