Realme наскоро ќе го претстави својот флегшип GT2 Pro со новиот Snapdragon 8 Gen 1 чипсет и сега добивме вест од сигурен дојавувач дека премиум верзијата на телефонот ќе има 1TB простор за складирање. Ова би бил првиот смартфон на Realme со простор за складирање од 1000 мегабајти.

Минатиот месец, основачот и Извршен директор на Realme, Скај Ли потврди дека GT2 Pro ќе биде најдобриот уред досега.

Претходно оваа недела, добивме протечени спецификации за GT2 Pro кој ќе нуди 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz и селфи камера под екранот. GT 2 Pro ќе нуди и LPDDR5 RAM и UFS 3.1 складирање, 125W UltraDart полнење и Realme UI 3.0 заснован на Android 12. Се истакнува и дека има три камери на задната страна – главниот модул Sony IM76766 од 50 MP 1/1,5, ултраширока камера од 50 MP и телефото камера.