Го прашавме меѓународниот амбасадор на Leica, Кристијан Доулинг да ги сподели своите совети за ноќно фотографирање врз основа на неговото искуство со P30 Pro.

Според него, две од најважните атрибути на повеќето фотографи се потребата да се изолираат субјектите од позадина и да се слика добро при слаба осветленост. Фотографирањето при слаба осветленост се потпира само на способностите на фотоапаратот, како и на самите фотографи. Снимањето во режимот на професионална работа на P30 Pro нуди многу можности при слаба осветленост, бидејќи ви овозможува да изберете високи ISO и брзини на објективот за снимање при слаба осветленост.

Избегнување на мали брзини при слаба осветленост е приоритет ако снимате без статив. Ова осигурува стабилен кадар, но исто така гарантира дека ќе го „замрзнете“ секое дејство кое може да се случи.

Во моменти кога е екстремно темно и немате статив, или ако снимате со неонски или обични светла, треба да снимате во детали, a новиот Ноќен режим со HDR способност е вистински избор. Ноќниот режим дава серија на слики за задоволителен временски период со користење на долга експозиција и ги составува автоматски.

Во минатото ви требало статив за ова, но се додека го одржувате уредот “релативно” стабилен, сликата ќе излезе со детали што не би можеле да ги видите ни со свои очи – навистина е неверојатно и нешто што не е достапно дури на професионални камери – додава Кристијан Доулинг.

Мобилната фотографија ви помага да ја пронајдете убавината …