Во текот на јуни Xiaomi и Oppo демонстрираа прототипи на телефони со камери под екранот. Иако ваквите камери моментно не овозможуваат квалитет на сликата кој е добар како кај стандардните селфи камери, оваа напредна технологија ќе биде дополнително унапредена во следните месеци. Новиот патент укажува на тоа дека Xiaomi веќе развива двојна камера под екранот.

Холандскиот сајт Mobiel Kopen откри патент на компанијата Xiaomi, кој опишува смартфон со целосен екран и две камери под дисплејот. Дизајнот за патент е пријавен во септември 2018. година кај CNIP (China National Intellectual Property Administration), а патентот е објавен на 20. септември оваа година.

Во пријавата за патентот се откриени и пет скици, со кратко објаснување. Во главното мени, корисникот може да кликне на иконата на камерата во дното на интерфејсот за да активира селфи камерата. Кога предната камера ќе се активира, информациите за времето и датумот исчезнуваат, а во дното се појавува мени за контрола на фотографирање/снимање.

Засега не ево целост јасно дали патентот опишува две камери или една камера и сензор (или блиц). Првиот смартфон со камера под екранот се очекува официјално да биде претставен во текот на 2020. година.