На интернет се појавија нови рендери на смартфонот Sony Xperia XZ3. Се очекува јапонската компанија да го претстави на саемот IFA во Берлин, што ќе започне на крајот на август.

Од објавените фотографии на сајтот CompareRaja, кои се создадени врз основа на фабрички CAD датотеки, се гледа дека дизајнот е многу сличен со оној на Xperia XZ2, но сепак финалниот изглед може да се разликува малку од прикажаното.

Камерата е единечна, што е крајно непитично за модел од оваа класа во оваа година и тоа откако XZ2 Premium нуди таква. Тоа пак најверојатно значи дека Sony измислиле други трикови за да ги импресионираат љубителите на мобилната фотографија.

Очекуваните димензии на Xperia XZ3 се 158.3 x 73.08 x 9,9 / 10,1 мм. Од Xperia XZ3 очекуваме водоотпорно куќиште, 5.7-инчен 18: 9 екран, чипсет Snapdragon 845, 6GB RAM, 64GB / 128GB вградена меморија и батерија со капацитет 3240 mAh.