Sony може да се пофали со водечки сензори за слика на камерите на своите мобилни уреди, а компанијата сега разви уште понов дизајн на сензори под името IMX586 кој ја зголемува резолуцијата на фотографијата на 48 ефективни мегапиксели  (8000 x 6000).

Квалитетот на фотографијата не зависи нужно од зголемувањето на мегапикселите, бидејќи тоа може да биде контрапродуктивно. Меѓутоа, помалите пиксели често водат до матни фотографии при слабо осветлување.

Пикселите од 0.8 микрони, кои се користат во новиот сензор за слика на Sony, ќе биде најмал на пазарот. Но, од Sony велат дека на секој пиксел ќе му овозможат да ги користи сигналите од четири соседни пиксели, што наводно ја подигнува осетливоста на еквивалент од 12 мегапикселни фотографии снимени со 1,6-микронски пиксели.

Паметните телефони како што се Nokia 808 PureView или Huawei P20 Pro експериментираа со слични сензори со 40 мегапиксели и повеќе, но IMX586 на Sony веројатно ќе биде најдобро решение досега.

Sony ја задржа големината на дијагоналата на сензорот од осум милиметри, што значи дека нема да има потреба за вметнување на преголеми камери во мобилните, иако објективот пред сензорите ќе игра голема улога во фотографирањето.