Компанијата Amazon го претстави својот прв кујнски производ, а се работи за микробрановата печка која е поврзана со персоналниот дигитален асистент Alexa, и која реагира на гласовни команди.

Микробрановата се користи така што се вклучува Alexa, а потоа и кажувате на микробрановата како и колку долго сакате храната да се готви.

Alexa и микробрановата се поврзани преку Bluetooth и WiFi.

Оваа иновација чини 60 долари, но се смета за демо верзија на микробранова печка бидејќи Amazon најавува уште понапредни спецификации за идните модели.