Apple со години го одржува препознатлив дизајнот на своите MacBook лаптопи, а некои од позначајните измени на дизајнот вклучувале нови опции на бои, вграден OLED дисплеј над тастатурата и нов 16-инчен екран. Но, во најголем дел, MacBook моделите однадвор го задржуваа познатиот дизајн.

Сигурно е дека постојат оние кои сметаат дека е време за промена на дизајнот, а изгледа дека корисниците нема да мораат предолго да чекаат на овие измени. Според наводите на реномираниот аналитичар на Apple, Минг Чи-Куо, Apple кон средината на 2021. година ќе претстави целоцно нов MacBook дизајн.

Куо не истакна кои модели ќе добијат нов дизајн, но не би било изненадување доколку Apple се одлучи промената на дизајнот да ја примени на сите свои модели во некој момент. Исто така, не е познато за какви конкретни измени на дизајнот се работи.

Покрај ова, Куп тврди дека MacBook лаптопи засновани на ARM процесорите на Apple би можеле да бидат претставени подоцна во текот на оваа година или кон почетокот на 2021. година.