Шеиците кои сакаат пруга помеѓу Дубаи и Абу Даби повеќе не се единствените клиенти.

Компанијата Hyperloop Transportation Technologies во април годинава потпиша договор со Обединетите Арапски Емирати за градење на првата комерцијална пруга помеѓу Дубаи и Абу Даби, но сега склучи договор и со Кина.

Суперсоничниот Hyperloop воз кој го замисли Елон Маск ќе стигне и во кинеската провинција Гижу, а првата делница од 10 километри ќе биде изградена во областа Тонгрен. Возот ќе се движи по цевки под вакуум. Половина од средствата за изградба на пругата ќе ги обезбеди Тонгрен, а половина Hyperloop и неговите инвеститори.

Првата делница од пругата ќе биде само почеток на идната огромна мрежа на Hyperloop која ќе се протега низ централна Кина. Од Hyрerloop истакнуваат дека ова нема да биде пруга за тестирање, туку комерцијална пруга, но веројатно на неа нема да можe да се постигне суперсонична брзина.

Извор: Vidi.hr