Во блиска иднина пакетите на домашна адреса ќе ги доставуваат роботи кои се движат како луѓе. Меѓу првите компании кои имаат намера да воведат таква услуга е Ford.

Најнапредниот човеколик робот минатата година го разви компанијата Agility Robotics. Станува збор за моделот Digit, кој има нозе, труп и раце, и е дизајниран да врши разни задачи кои луѓето ги вршат во магацини и фабрики.

Од Agility Robotics превидуваат дека токму нивните роботи се иднината на многу компании. Изгледа дека таа иднина е поблиску отколку што мислевме,со оглед нa тоа дека Ford стана првиот купувач на моделот Digit. Американскиот производител на автомобили планира да ги искористи човеколиките роботи за достава, пишува Business Insider.

Истражувачите сега работат и на усовршување на комуникацијата меѓу Ford и Digit. Со додавањето раце на овој модел роботот може да се програмира за носење работи, за туркање врата, за станување после пад.

Agility Robotics кон крајот на годинава планира да почне со испорака на човеколики роботи низ целиот свет, а Ford ќе биде еден од првите купувачи. Digit роботите во 2017 година имаа само две нозе и ги користеа главно за истражување. Веќе во 2019 година, роботот доби плус две раце и труп.

Digit роботите се флексибилни и дизајнирани за работа со минимално програмирање, поради што се многу покорисни од тешките машини кои беа развиени само за одредена работа. Овој човеколики робот може да дигне до 20 кг, а самата машина може да се спакува во две кутии кои ги собира во секој автомобил.

Извор: Klix.ba