Според корејското издание ET News, Huawei работи на интересна алтернатива на трендот за „сечење“ на дисплеите на смартфоните, кој станува се попопуларен, но во исто време иритира многу корисници.

Идејата во случајот е на екранот да има само еден мал отвор за предната камера, а сензорите и звучникот се ставени во тенката рамка над екранот.

Шематски приказ покажува телефон со намалени странични рамки и со вграден во дисплејот сензор за отпечатоци.

Концептот во одреден степен ги елиминира сегашните недостатоци на исечените екрани, но сепак е потенцијален извор на други проблеми. Не е јасно како ќе се однесуваат апликациите со таков тип екран и како точно ќе се користи дополнителниот простор на екранот.

Според ETNews, првиот уред на Huawei со таков тип екран ќе има 6-инчен LCD панел и може да се појави уште во четвртиот квартал на годината.