По неколку месеци на раст, во првата половина од оваа година продажбата на електрични автомобили во Европа доживеа пад

Од јануари до јули, во Европа се регистрирани 33% EV и хибридни возила повеќе отколку во истиот период од 2017 година, но тоа е дури 54% помалку отколку во 2016-та година.

Иако производителите на автомобили под притисок од различни казни и ограничувања поради дизелгејт аферата се фокусираа на електричната технологија и почнаа масовно да лансираат EV модели, купувачите се уште имаат повеќе доверба во возила со мотори со внатрешно согорување.

Главната причина е ниската автономија и сè уште лошата инфраструктура за полнење на батериите на електрични автомобили.

Меѓутоа, што се однесува до моторите со внатрешно согорување, резултатите се добри само за бензинците, бидејќи дизел продажбата продолжува да паѓа со галопирачко темпо. Така, продажбата на возила со бензински мотори во однос на првата половина од 2017 година се зголемила за 16%.

Сепак, според аналитичарите овој тренд нема да трае долго и релативно брзо очекуваат подобра позиција за EV возилата, особено во луксузниот сегмент.