Се повеќе апликации кои ги користиме секојдневно ја имаат опцијата Dark mode (Темен режим), а оваа листа сега е зголемена за уште една апликација. Се работи за Google Play Store продавницата за апликации на Android.

Една од најголемите функции кои ги имплементираше Android 10 е темната тема на системско ниво. Меѓутоа, некои апликации како што е Google Play Store, ќе ја овозможат/оневозможат темната тема, во зависност од системските подесувања. Корисниците наскоро ќе добијат копче кое ќе овозможи полесна контрола на менувањето на темата.

Според неодамнешните извештаи на корисниците на Android 10, Google Play Store апликацијата сега има дополнителна опција во менито за подесувања, под името Theme. Опцијата овозможува да се наметне посветол режим, кога се системските подесувања поставени во темен режим и обратно. Или можно е да се остават за да се следат стандардните подесувања во системот.

Засега, функцијата е достапна само на селектираните уреди, а не постои APK за нејзино тестирање, така што е потребно да се почека на серверско ажурирање.