Минатата година тимот на XDA-developers откри дека Google работи на нов протокол за делење фајлови, кој би требало да го замени Android Beam. Сега истиот тим ни овозможува да видиме како Google Nearby Sharing функционира преку демо видео.

Функцијата (не)официјално го носи името Nearby Sharing, а бара Bluetooth и Location да работат заедно, како и Wi-Fi   за да се изврши преносот на податоци.

Како кај Apple AirDrop функцијата, можно е да се испраќаат фајлови само до контактите. По инсталацијата, се овозможува и новиот Quick Settings, кој дозволува да вклучи/исклучи видливоста на корисникот за примање на фајлови. Постојат три различни подесувања за делење на фајловите:

Data – Податоците можат да се користат за мали фајлови.
Wi-Fi only – Не се користат податоци за делење.
Without Internet – Фајловите секогаш ќе се делат офлајн.

Засега не е познато кога Nearby Sharing функцијата ќе пристигне на Android, со оглед на тоа дека се уште не е објавена ни од компанијата Google. Можно е тоа да се случи во текот на Google I/O конференцијата која ќе се одржи на 12. мај оваа година.