Овие симболични 2018 дронови го запишаа Intel во Гинисовата книга на рекорди во категоријата „најмногу беспилотни летала во воздух во ист момент“.

Огнометот може да замине во историјата затоа што на небото дроновите се новите кралеви на забавата. Дури 2018 дронови истовремено летаа во една комплицирана кореографија која што го одбележа јубилејот 50 години од основањето на Intel.

Во различни анимирани облици и менување на боите над седиштето на Intel, дроновите демонстрираа нешто што огнометот не го може, а истовремено беа и далеку потивки.

“Shooting Star” дроновите на Intel веќе се добро познати на јавноста. Тие „настапуваа“ и во Лас Вегас, на американскиот Super Bowl, како и на отворањето на Зимските олимписки игри.

Како изгледаше поставувањето на новиот Гинисов рекорд и прославата на Intel, можете да погледнете на видеото подолу.