Автомобилскиот гигант верува дека иднината со целосно електрични автомобили до 2040 година не доаѓа во предвид, но дека треба да се биде мудар

Минатата недела, шест производители на автомобили, Ford, GM, Mercedes, Volvo, BYD и Jaguar Land Rover, се обврзаа дека ќе го прекинат производството на мотори со внатрешно согорување до 2040 година.

Сепак, еден голем производител на автомобили, познат како „кралот на хибридите“, не беше на таа листа. Тоа е Toyota, a за тоа има и причина зошто.

Toyota верува дека за одредени области во светот, електричните возила со нулта емисија едноставно немаат смисла – барем не сè уште.

Јапонскиот производител смета дека иднината со целосно електрични автомобили до 2040 година не доаѓа vo предвид, но дека тие повеќе би сакале да бидат повнимателни по ова прашање отколку слепо да се посветат на иднината која можеби не е остварлива

„Подготвени сме да забрзаме и да помогнеме во поддршката на соодветни возила со нулта емисија“, вели портпаролот на Toyota за Reuters. „Сепак, во многу области на светот, како што се Азија, Африка и Блискиот Исток, сè уште не е воспоставена средина погодна за промовирање на целосен транспорт без емисии. Сметаме дека ќе биде потребно повеќе време за да се постигне напредок, па затоа ни е тешко да се обврземе на заедничка изјава во овој момент“.

И покрај тоа што е најголем светски производител на автомобили, Toyota беше прилично отпорна на напорите за унапредување на одржливоста на возилата, дури беше и прогласена за трета компанија која најмногу ги опструира климатските промени по ExxonMobil и Chevron.

Volkswagen зазеде сличен воздржан став кон обврската за нулта емисија до 2040 година, па можно е стратегијата усвоена од двата најголеми светски производители на автомобили да биде вистинската.