Компанијата General Motors претстави самоуправувачки автомобил наречен Cruise AV кој е базиран на Chevrolet Bolt. Автомобилот се очекува да се појави на патиштата кон почетокот на 2019 година.

Она по што овој електричен автомобил се разликува од останатите е фактот што тој нема ни волан, ни педали.

General Motors во моментов очекува дозвола од американската агенција за безбедност во сообраќајот за производство на околу 2.600 возила. Освен федерални, на оваа компанија ќе и’ бидат потребни и дозволи од поединечните држави доколку сакаат ова возило да го пласираат на нивните патишта.

Cruise AV е четврта генерација на самоуправувачки автомобили на General Motors. Тој е опремен е со 21 сензор, 16 камери и пет ласерски радари, а користи и софтвер кој е развиен во оваа компанија.

Автомобилот поседува и поддршка за звук и слика, како и способност сам да ги затвора вратите, што е важно доколку патниците го заборават тоа по возењето.

Од компанијата не ги соопштија деталите за техничките можности на ова возило, но се претпоставува дека за почеток ќе биде користено само во ограничен простор на кој компанијата ги тестира автономните возила – во близина на Сан Франциско и делови од Мичиген.

Доколку овој автомобил без волан и педали се најде на патиштата во 2019 година, тогаш General Motors ќе стане лидер во класата на автономни возила.

Извор: Nezavisne.com