Digitimes известува дека врз основа на периодот на испорака на PCB супстрати, Apple најпрвин ќе објави два iPhone 12 модела, од вкупно четирите што се очекуваат до крајот на годината. Ова е теорија која Digitime ја форсира веќе некое време и не се судира со предвидувањата на другите извори.

Сите теории, меѓутоа, имаат една заедничка работа – нема сите четири iPhone 12 модели да бидат објавени во исто време. Судејќи според информациите добиени од SLP снабдувачи, двата 6,1-инчни модела ќе бидат објавени на време, а се работи за стандардниот и Pro модел со споменатата големина. Моделите од 5,4 и 6,7 инчи почнаа да ги добиваат своите компоненти подоцна, така што нивната објава ќе доцни.

Некои други извори веруваат дека буџетските iPhone 12 модели ќе бидат објавени први. Ова се однесува на еден од 6,1-инчните модели и моделот од 5,4-инчни. Сепак, за да ги зголеми приходите, Apple ќе мора да објави барем еден од премиум iPhone уредите што се очекуваат  во октомври (6.1-инчен Pro и 6.7-инчен Pro Max).