Милионите странски гости во Русија за време на Светското првенство во фудбал беа причина за 30 проценти зголемување на користењето на апликацијата Google Translate за време на периодот на одржување на првенството. Информацијата ја објави самиот Google, потврдувајќи дека најчестите јазици за преведување биле руски и шпански.

Пребарувањата поврзани со Светското првенство пораснаа за 200 проценти, додека оние со зборот “пиво” за 65 отсто. Интересно е што таков раст при користењето на Google Translate, исто така, беше забележан за време на Мундијалот во Бразил во 2014 година, но во Русија размерот е сосема поинаков. Според зборовите на Џули Катајау, менаџер на производи на Google, последното издание на Светското првенство го удвои бројот на корисници на апликацијата.

Главната причина е големиот развој на способностите на самата апликација. Сега преводите се многу попрецизни во комбинација со гласовниот превод и проширената реалност на текстовите. Дополнителниот поттик да се користи Google Translate се должи и на фактот дека буквално неколку дена пред почетокот на СП во Русија, интернет гигантот ја прошири способноста за офлајн превод на речиси 59 јазици. Со оглед на некои роаминг трошоци во светот, оваа функција дефинитивно им помогна на многу туристи и фанови.