Компанијата Canalys Research ги достави најновите информации што се однесува на состојбата на пазарот на паметни телефони во Северна Америка. Споменатиот пазар во текот на првиот квартал од оваа година паднал на најниско ниво во изминатите пет години.

Испорачани се само 36,4 милиони паметни телефони, во споредба со 44,4 милиони паметни телефони испорачани во првиот квартал од 2018 година (пад од 18% на годишно ниво).

И покрај лошиот квартал добитници биле Samsung (генератор на успехот на јужнокорејската компанија била новата Galaxy S10 серија на паметни телефони), Lenovo и кинескиот TCL (производи на BlackBerry паметни телефони под лиценца). Губитниците на овој квартал биле Apple, LG и некои други помали брендови.

Извор: Bug.hr