Џон Ајв, легендарниот дизајнер на Apple, креираше дијамантски прстен каков што светот не видел досега. Прстенот е целосно направен од дијамант и изгледа навистина спектакуларно, пишува „Бизнис инсајдер“. Ајв е главниот дизајнер во Apple одговорен за материјалите и изгледот на iPhone, MacBook, iPad, iMac, Apple Watch, но сака да дизајнира и други производи.

Неговото последно дело е дијамантски прстен што го направи со помош на својот пријател, познатиот дизајнер Марк Њусон. Прстенот беше совршено изделкан, а дизајнерите имаа за цел да го извадат вишокот материјал наместо да го додаваат. Поради ова, нивниот прстен се состои од еден дел и е направен од еден материјал.

Имено, прстенот ќе биде понуден на продажба од страна на аукциската куќа „Сотби“ и се проценува дека ќе чини 230.000 евра. Целата заработка ќе оди во хуманитарни цели.