Огромните Samsung и Apple брзо губат од својот глобален удел на пазарот на паметни телефони поради Huawei, чии клиенти избираат значително пониска цена за премиум модели на смартфони, покажало едно ново истражување.

Според пазарните податоци објавени од страна на технолошко-истражувачката компанија Гартнер, процентот на Huawei на пазарот на паметни телефони бил зголемен на 15 отсто во последните три месеци од 2018 година, а четири отсто во текот на оваа година, пишува CNBC.

Неговите конкуренти, Samsung и Apple, продолжуваат да го окупираат првото и второто место според пазарниот удел, односно по 17 и 16 проценти. Сепак, двете компании го загубија својот удел на пазарот во четвртиот квартал на годишно ниво, Saumsung за околу еден процент, и Apple за два.

Apple во четвртиот квартал од 2018 година продаде 64,5 милиони уреди на iPhone, проценува Гартнер. Тоа е пад од речиси 12 отсто во споредба со истиот период минатата година, што претставува најголем квартален пад во испораката на iPhone-от на годишно ниво, уште од првиот квартал на 2016 година.