Најпрвин го имавме Vivo NEX, потоа Oppo Find X со систем на издигнување на камерата од куќиштето, потоа се појавија слајдер системите на Mi Mix 3 и Honor Magic 2 моделите, кои успеваа да го задржат целосниот екран од предната страна благодарение на ваквите дизајни на камерите. Судејќи според се, Oppo Reno ќе имплементира досега најнеобична предна камера.

Протечените фотографии и видео, го откривааат дизајнот на камерата, како и задниот дел на уредот. Можно е дека верзијата од видеото е модел со Snapdragon 710 чипсет, со оглкед на тоа дека нема 10x зумирање зад перискипот на објкетивот, за да се одржи пониската цена на телефонот.

Новите рендери на Oppo Reno куќиштето откриваат голем засек во рамката, од кој излегува механизмот на камерата, додека во дното на уредот се сместени USB-C порт и 3.5 mm приклучок, додека на задната страна има два сензори на камерата.