Според извори од Кина, Huawei во моментов подготвува нов фаблет уред под брендот Honor. Тој ќе се вика Honor Note 10, а големата атракција ќе биде неговата батерија.

Според гласините, батеријата ќе има капацитет од 6000 mAh, што е 2000 mAh повеќе од Mate 10 Pro и P20 Pro. Xiaomi Mi Max 2 има батерија од 5300 mAh.

Останатите спецификации вклучуваат 6.9 инчен AMOLED дисплеј и 1440p резолуција, Kirin 970 процесор, 6 GB RAM, 128 GB простор за складирање и 16 мегапикселна двојна ATI камера.

Секако, засега сето ова е се уште во сферата на гласините, но претседателот на Honor, Жао Минг, веќе најави дека постои таков смартфон, и дека ќе можеме да го видиме во блиска иднина.