Пред неколку дена беше лансирана мобилната апликација GRID и за краток период беше „симната” од преку 15 000 корисници.

Преку модерен и интуитивен дизајн, апликацијата овозможува да се следат најнови и актуелни вести од преку 200 македонски извори со посебна можност секој корисник да одбере свои омилени медиуми и категории. Она што оваа апликација ја прави уникатна е опцијата секој корисник да креира сопствени категории според своите интереси, како на пример: Калиопи, Xiaomi, РК Вардар и др.

Добивајќи селектирани вести од релевантни медиуми, апликацијата ве штити од лажните вести, а исто така го штеди и времето изгубено за „шетање” по сајтови.

Посебна категорија е „Мои вести” каде што корисникот може да ги сочува омилените вести и да ги прочита подоцна.

Она што дава дополнителна вредност е копчето во долниот десен агол што нуди информации до кои тешко (или никако не) се доаѓа: кои филмови играат на ТВ, со детални описи и трејлери, комплетен преглед на спортските настани, сите театарски претстави, концерти поделени по жанрови, дневен хороскоп…

На апликацијата работеше тим од 12 експерти, а за изработка беа потребни девет месеци. Вам ви останува да ја симнете на Google Playstore или регистрирајте се да бидете првите кои ќе ја добијат новата iOS верзија.