OnePlus наводно подготвува два нови телефони од Nord серијата – OnePlus Nord N10 5G и OnePlus Nord N100. Двата уредa ќе бидат претставени на 26. октомври.

Досега немаше официјалнa потврдa за ниту еден од овие два модела, па дури и имињата на телефоните беа само дел од гласини. Сепак, OnePlus Nord N100 телефонот сега е забележан на NBTC сертификацијата. Ова го потврдува името и открива дека телефонот во најмала рака ќе биде објавен на азискиот пазар.

Сертификацијата за OnePlus Nord N100 споменува модел со ознака OnePlus BE2013, а потврдува дека станува збор за LTE телефон. Покрај тоа, сертификацијата не открива други детали за телефонот.

Повеќе детали за OnePlus Nord N100, како и OnePlus Nord N10 моделот (претходно забележан со Snapdragon 690 чип, 6,49 инчен Full HD+ екран) се очекуваат во наредниот период, како ќе се приближуваме до нивната објава.