По повод прослава на десетгодишнината на App Store, која ќе се одржи на 10 јули, Apple реши да открие неколку од најинтересните статистики поврзани со оваа апликација која верно им служи на корисниците на iPhone и iPad уреди.

ResearchKit и CareKit се софтверски алатки за доктори и медицински лица кои се користат за медицински тестови и здравствени состојби вклучувајќи ги тука Паркинсоновата болест и аутизмот. Извештајот вели дека преку 500 доктори и научници ги користеле овие алатки и преку 3 милиони луѓе учествувале во тестирањата.

Сега знаеме дека преку 28.000 iOS апликации нудат претплата и корисниците се претплатиле за 95% повеќе претплати отколку во минатата година. Кога ги именуваше најпопуларните апликации со претплата, Apple ги смести Netflix и нивниот кинески ривал iQIYI еден до друг на врвот на листата, што може да биде сигнал за тоа кои пазари ги вреднува најмногу.

Вреди да се напомене дека најчесто преземаната апликација е Facebook, додека апликацијата на која луѓето поминуваат најмногу време е Netflix, пишува во извештајот на App Annie. Најголемиот дел од најдобро рангираните апликации се всушност во сопственост на најголемите ривали на Apple – Microsoft и Google. iQIYI малку заостанува на седмото место на листата на апликации на кои корисниците поминуваат најмногу време, а пред неа се најдоа апликации како Spotify, Tinder и Tencent Video.

Apple исто така откри дека стотици приказни од посебниот таб Today биле прочитани од преку 1 милион луѓе. Земајќи предвид дека преку 500 милиони луѓе неделно ја посетуваат App Store апликацијата, бројката од милион луѓе изгледа мала, но покажува дека мал процент од луѓето сепак одвојуваат време за да го проверат овој таб.