Компанијата Gionee уште кон крајот на 2018. година прогласи банкрот, но и покрај тоа и натаму работи, па дури и претстави нов паметен телефон. Се работи за entry-level смартфонот Gionee Steel 5, кој се истакнува по својата батерија со капацитет од 5000 mAh.

Од останатите карактеристики тука е 6,2-инчниот 720p IPS LCD екран со 13-мегапикселна селфи камера во waterdrop засек, додека од задната страна се наоѓа двојна камера, која се заснова на главниот 12-мегапикселен сензор и 2-мегапикселен сензор за длабочина и двоен LED блиц.

Смартфонот има и 4, односно 6 GB RAM и 64 односно 128 GB интерна меморија, а вграден е осмојадрен процесор (не е специфицирано за каков чип се работи). Оперативниот систем е Android 9.0 Pie со AmigoOS интерфејс. Засега не е познато кога и по која цена ќе се појави овој смартфон на пазарот.