Сан Франциско планира во следните 15 години, во потполност да го електрифицира градскиот автобуски возен парк.

Агенцијата за сообраќај на овој калифорниски град, веќе во 2019 година ќе започне пилот преокт, за да утврди како електричните автобуси ќе се покажат во експлоатацијата во градските метежи и по стрмните улици, по кои Сан Франциско всушност е препознатлив.

Затоа ќе се премине на следната фаза, која подразбира и први набавки на автобуси на струја.

Во периодот од 2025 до 2035 година, предвидено е обновување на возниот парк, а сите нови порачани автобуси ќе бидат на електричен погон.

До 2035 година, сите градски автобуси на дизел гориво ќе бидат повлечени од сообраќајот и заменети со електрични.

Извор: B92.net