Sony воглавно доминираше на пазарот кога е во прашање технологијата на mirrorless фотоапарати, оставајќи им на компаниите како што се Nikon и Canon да се борат за остатокот од пазарот. Сега Nikon Rumors известува дека Nikon има во подготовка два mirrorless фотоапарати. Според наводите на сајтот се очекува дека тие ќе бидат објавени околу 23. јули, а ќе се испорачуваат еден месец подоцна.

Претпоставка е дека двата модела ќе бидат full-frame, иако нема потврда за ова. Еден фотоапарат, според наводите ќе има 24MP-25MP сензор, додека другиот ќе биде 45MP-48MP модел. Куќиштето ќе биде слично на Sony a7 modelite, но Nikon се фокусира на подобра ергономија и подобро држење на своите уреди.

Фотоапаратите на Nikon ќе имаат 5-axis in-body стабилизација, поддршка за 9 fps и нов 55 mm mirrorless сталак, кој овозможува закачување на f/0.95 објектив. Фотоапаратите ќе можат да примат и XQD и CF Express мемориски картички. Од самиот старт ќе постојат три објективи: 24–70mm, 35mm и 50mm.

Премиум 45MP моделот ќе чини околу 4.000 евра/долари и пристигнува со 24–70mm објективи. Моделот од 25MP ќе биде во ранг околу 3000 евра/долари и исто така стигнува со објектив во пакетот.