Минатогодинешниот посетител сега e идентификуван како комета. Телескопи го пронашле за прв пат овој објект во Октомври како што поминувал преку внатрешноста на Соларниот Систем. Оттогаш астрономи не можеле да се одлучат дали овој објект е комета или астероид. Не била пронајдена кома или опашка како што би се идентификувало кај мразулести комети, но италијанскиот астроном Марко Мичели и неговиот тим пријавиле дека патот и забрзувањето на кометата се најдобро објаснети преку гасови кои се губат од комета.

Испуштањето на јаглерод моноксид, јаглерод диоксид и вода дејствувале со многу мала сила врз објектот познат како Оумуамуа и тоа отприлика 1000 пати помало дејство од гравитацијата на Сонцето.

Сепак мерењата биле доста прецизни за да се утврди дека промената на положба е предизвикана од испуштање гасови. Ова е дефинитивно интересно откритие.

Според Мичели вакви објекти типично се испуштаат при формирање на планетарни системи и повеќето испуштени објекти би биле комети со мал дел астероиди. Би било многу неверојатно овој објект да бил астероид.

Оумуамуа е хавајски збор за извидник или нешто што прво стигнува.

Ова е сепак ново парче од информација за кое треба обработка.

Извор: Astronomija.mk