Научниците сега се надеваат дека ќе успеат да ја искористат како “крема за сончање“ за луѓето да можат да се заштитат од смртоносното зрачење.

Пет години по чернобилската катастрофа, на ѕидовите на нуклеарниот реактор пронајдена е црна габа.

Збунети, како успеала да преживее во такво екстремно тешко опкружување, научниците го проучиле микроорганизмот и уште повеќе се воодушевиле од тоа што го откриле. Освен тоа што е издржлива, габата всушност ја привлекува радиоактивноста.

Причинта за тоа се големите количини на меланин кој го има во себе – пигментот благодарение на кој “потемнуваме“ од сонцето и кој ѝ дозволува на габата да ги апсорбира штетните зраци и потоа да ги претвори во хемиска енергија.

Како што растенијата го преработуваат јаглеродниот диоксид и хлорофилот во кислородот и глукозата преку фотосинтеза така и оваа габа од смртоносните зраци произведува енергија, пренесуваат од „Daily Mail“.

Каструхи Венкатесварен, научник од НАСА верува во таканаречената “Cryptococcus neoformans”, а габата може да се користи како заштитна крема против токсичните зраци.

Кремата би можеле да ја користат пациентите на радијација, работниците во нуклеарните фабрики и пилотите.

Габата може да се користи и како биолошка алтернатива во соларните панели – за напојување на електричните апарати.

Извор: Mondo.rs