Се поблиску сме до најавата за телефонот Xiaomi 14 во Европа, а сега се појавија информации за неговата цена.

Xiaomi 14 ќе биде претставен на глобално ниво на 25 февруари, а сега се појавија гласини за цената на телефонот на европскиот пазар.

Тимот од Techmaniacs ја откри цената на телефонот Xiaomi 14 за Грција, која вели дека почетната цена на уредот ќе биде 1.099 евра за моделот со 12 GB RAM и 512 GB простор за складирање податоци.

За споредба, минатогодишниот Xiaomi 13 имаше цена од 999 евра за варијантата 8/256GB.

Се очекува дека Xiaomi 14 ќе биде достапен во слободна продажба од 29 февруари.

Извештајот, исто така, ги потврдува претходните гласини и сугерира дека моделот Xiaomi 14 Pro нема да биде објавен надвор од Кина.

Очигледно Xiaomi ќе го замени Pro моделот со Ultra варијанта, а засега нема детали за телефонот Xiaomi 14 Ultra.