Nokia се подготвува да објави уште еден телефон со прифатлива цена, за кој само што се појавија информации. Nokia G300 5G ќе користи Snapdragon 480 чипсет, кој веќе се наоѓа во моделите Nokia G50, X10 и X20.

Nokia G300 има 6,57-инчен LCD екран со резолуција 720 x 1600p (сооднос 20:9), со 8MP селфи камера во засекот. На задната страна има главна камера од 16MP, ултраширока камера од 5MP, како и 2MP сензор за длабочина.

Батеријата со капацитет од 4470mAh, го напојува телефонот и не е познато дали ќе поддржува брзо полнење. G300 5G од старт ќе користи Android 11, а ќе има 64 GB простор за складирање (со microSD слот за проширување до 1TB).

Протечените информации не вклучуваат податоци за можната цена на Nokia G300 5G моделот, а повеќе детали би можеле да имаме на 6. октомври кога HMD Global ќе одржи презентација на неколку Nokia уреди.